СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Honor ги претстави V30 и V30 Pro – првите 5G модели на компанијата

Honor ја претстави новата генерација на својата топ-серија на паметни телефони Honor V во Кина – Honor V30 и Honor V30 Pro, кои се првите 5G модели на компанијата. И двата телефони се со LCD дисплеј со 6,57 инчи и Full HD + резолуција. Постои отвор во дисплејот за двојна селфи камера, која се состои од 32MP сензор и 8MP со ултраширокоаголен објектив и видливо поле од 105 степени.

Предната камера има ноќен режим што ќе ви овозможи да снимите квалитетни слики дури и при слаба амбиентална светлина. И двата уреди користат чипсет Kirin 990, но има неколку клучни разлики во овој поглед. Honor V30 се одликува со чипсет од 7 nm во комбинација со посебен модем 5G Balong 5000. Во варијантата Pro гледаме 7nm + Kirin 990 процесот со вграден 5G модем.

Разликите не застануваат тука затоа што V30 нуди 6/8 GB RAM меморија, 128 GB за датотеки и батерија од 4200mAh и поддршка за брзо полнење на 40W. V30 Pro, од друга страна, вклучува 8 GB RAM меморија, 128/256 GB внатрешна меморија и батерија од 4100 mAh, која исто така поддржува брзо безжично полнење при 27W. Во однос на софтверот, двата модели се со Android 10 со Magic UI 3.0.1, но без услуги и апликации на Google.

Доаѓаме до една од поинтересните карактеристики – камерата. Honor V30 и V30 Pro имаат тројна главна камера која вклучува 40MP Sony IMX600 сензор и ласерски автофокус. Разликата тука е во блендата, која во Pro верзијата е f / 1.6, а во стандардната – f / 1.8. Главниот сензор на V30 Pro има и оптичка стабилизација.

Следи 8MP сензор со телефото објектив за3x оптички зум, бленда f / 2.4 и систем за оптичка стабилизација (OIS), кој е идентичен и во двата модела. Honor V30 Pro, исто така, има ултра широкоаголен 12MP сензор кој е оптимизиран за снимање на видео, а кај V30 зад оптиката има 8MP сензор. Како и серијата Honor 20, читачот на отпечатоци е вграден во копчето за вклучување, што се наоѓа на страната на конструкцијата.

Пред-нарачките за Honor V30 и V30 Pro во Кина започнуваат на 5 декември, при што уредите се достапни во портокалова, бела, сина и црна боја. Цената за V30 со 6 GB RAM + 128 GB меморија е 3.299 јуани (425 евра), додека оној со 8 GB + 128GB чини 3.699 јуани (475 евра).
Honor V30 Pro е со цена од 3.899 јуани (500 евра) за 8 GB + 128GB и 4.199 (540 евра) за моделот 8GB + 256GB.

Во оваа фаза, нема информации дали уредите ќе бидат достапни надвор од Кина. Ако тоа се случи, тие може да се појават под името Vera 30 или View 30.

Поврзани вести

Samsung Galaxy Fold 2 носи досега невидени иновации?

msp-admin

Фејсбук подготвува паметен часовник, со фокус на здравјето и пораките

Влатко Зорба

Смартфоните Huawei P50 ќе имаат различни дисплеи

Влатко Зорба