Најновите резултати од DxOMark покажуваат дека Huawei Mate 40 Pro е опремен со најдобрата камера на пазарот. Најновиот смартфон на Huawei доби неверојатен резултат од 136 поени, значително надминувајќи ги дури и своите најдобри конкуренти, благодарение на неговите неверојатни фото и видео можности.
Најновиот смартфон на Huawei, Huawei Mate 40 Pro е тестиран од DxOMark и благодарение на неговите неверојатни одлики како што се 1/1,28” сензор и f/1.9-бленда, сензор од 20 MP со поголеми пиксели и 5x телефото камера, беше оценет како најдобар уред за фотографирање и видеографија на пазарот.
Престижната лабораторија ги оцени техничките и фотографските можности на Huawei Mate 40 Pro, давајќи му конечен резултат од 136 поени. Оцената за фотографија, од 140 поени, се базира на исклучителни перформанси во сите подкатегории и неверојатно интуитивна работа. Меѓу највисоко оценетите параметри на фотографијата се експозицијата, боите и текстурите, кои добија 109, 104 и 101 поен, соодветно. Новиот уред воодушевува и со своите можности за снимање видео, поставувајќи нов стандард во мобилната видеографија. Ова е потврдено со оцените во видео категориите, каде што за клучните параметри добива: авто-фокус – 105 поени, шум – 105 поени, стабилизација – 102, експозиција – 102 и зумирање (Tele & Wide) – 88, и неговата вкупна оцена за видео изнесува 116 поени.
Селфи камерата е оценета со одлични 104 поени.
Целосниот тест, насловен како “Mate 40 Pro Camera – Monstruly Dynamic Range”, може да се прочита тука: https://www.dxomark.com/huawei-mate-40-pro-camera-review-dynamic-range-monster/
HUAWEI Mate 40 серијата доаѓа со ДНК од Mate. Во последните осум години, Huawei произведе 10 значајни генерации на Mate серијата. Најновиот од нив достигнува уште повисоки врвови во индустријата и се насочува кон искуството на потрошувачите, благодарение на силните инвестиции во R&D, правејќи чекор напред во мобилната фотографија и видеографијата.