Апликацијата за споделување на мобилни фотографии и видео преку Instagram, промовираше нова алатка што треба да помогне да се изгради подобра алтернатива на YouTube за креаторите на содржини кои сакаат да пробаат друга платформа, пренесува TechCrunch.
Станува збор за посебна сметка наречена @creators, која ќе им дава совети на луѓето кои сакаат да бидат поактивни на платформата.
Според специјално Story со основни прашања и одговори, објавено во сметката, како и кратко објаснување со повратни информации, од некои креатори на содржини на Instagram, покажува, на пример, како можете да ја верификувате вашата сметка – нешто што веројатно ќе го прашуваат корисниците редовно.
Пораките за креатори вклучуваат неколку корисни совети, како што е фактот дека околу 60% од луѓето слушаат звук на приказните во апликацијата.
Очигледно, сметката првенствено е насочена кон давање совети и алатки за креирање видео. Ова е логично со оглед на тоа што оваа област носи раст на компанијата и овозможува да привлече незадоволни корисници на YouTube, кои бараат нов дигитален дом за својата содржина.
Сметката може да обезбеди огромен потенцијал за развој на Instagram и е добар пристап за привлекување креатори на содржини.