СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Излезе фотографија со дизајнот на Google Pixel 4

Веќе ве информиравме дека премиерата на Google Pixel 4 ќе биде на 15-ти октомври. Новиот паметен телефон останува објект на доста шпекулации. На Интернет е објавена фотографија што го покажува Pixel 4. Фотографијата за која станува збор е од популарниот блогер @evleaks и покажува како ќе изгледа паметниот телефон. Остава впечаток датумот 15 октомври, кој се појавува на почетниот екран, објавија xda-developers.

Сликата ги потврдува очекувањата и ги покажува заоблените рабови околу екранот. Интересен детал е присуството на сензор за гестови команди на Project Soli и технологијата Motion Sense, лоцирана околу предната камера. Сè уште не знаеме дали овие иновации ќе бидат достапни во сите земји. На задниот дел, има два објектива со LED блицови, кои се позиционирани во квадратната форма во левиот агол.

Компанијата ќе лансира две верзии на паметниот телефон, кои ќе имаат дисплеи од 5,7 и 6,3-инча со OLED технологија. Корисниците ќе можат да ги искористат предностите на стапката на освежување 90GHz, како и од подобрувањата во Android 10. Главните камери веројатно ќе имаат резолуција од 16 MP и 12MP, а сензор за селфи ќе биде 12 MP. Брзината ќе ја гарантира Qualcomm Snapdragon 855 процесорот и најмалку 6 GB RAM меморија. Внатрешната меморија е 64 GB или 128 GB.

Поврзани вести

Патент на OnePlus го навестува дизајнот на идниот часовник на компанијата

Влатко Зорба

Huawei P40 Pro може да добие специјален сензор од 52MP од Sony

msp-admin

Брисел објави војна на злоупотребите на вештачката интелигенција

Влатко Зорба