СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Како изгледа одвнатре Huawei Mate 30 Pro? (ВИДЕО)

Пред некое време, Зак од каналот „JerryRigEverything“ на YouTube, ја тестираше цврстината на Mate 30 Pro и сега сподели видео од него како го расклопува уредот. Отстранувањето на стаклото назад се врши со загревање и со користење на нож, кој се пренесува по страничниот раб за да се оддели лепилото. Откако ќе се отстрани, се забележува калем за безжично полнење и четириаголниот дел од главната камера.

Потребно е одвртување на 22 завртки за да се стигне до главните компоненти, но повеќето делови се модуларни, овозможувајќи им да бидат лесно заменети. Откако ќе помине низ голем број компоненти, Зак стигнува до оптичкиот читач на отпечатоци, кој испраќа светлина преку дисплејот. Интересно е што батеријата на уредот не е цврсто прикачена на куќиштето и е релативно лесно за отстранување.

Пред да ја отстраните матичната плоча, се отстранува делот со главната камера, а под плочата е вградениот звучник. Вреди да се одбележи и дека цевката за ладење за чипсетот е исто така достапна, што му овозможува да работи оптимално дури и со потешко оптоварување.

Поврзани вести

Онлајн мапа го открива бројот на заразените од коронавирусот

msp-admin

Boston Dynamics претстави робот што може да преместува 800 кутии на час (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Paper Phone нè прави понезависни од паметниот телефон (ВИДЕО)

msp-admin