СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Nokia G10 може да биде телефон со фокус на гејминг

Неодамна се појави информација дека HMD Global планира да пушти телефон на Nokia од новата серија G. Се верува дека оваа линија ќе вклучува модели со фокус на гејминг, а првиот телефон во серијата може да биде Nokia G10 (ознака на моделот TA-1334).

Сега истиот модел доби сертификат од малезиската агенција SIRIM. Други варијанти на овој модел беа претходно забележани на платформите за сертифицирање TUV и NBTC, каде беше откриено дека моделот TA-1334 ќе биде LTE уред.

Nokia G10 според спецификациите може да биде сличен на моделот Nokia 5.4. Се очекува да биде опремен со 6,4-инчен екран и 8-јадрен процесор. Другите спецификации може да вклучуваат систем со четири камери со 48MP главен сензор и можна поддршка за брзо полнење.

Покрај ова, Nokiabar открива дека телефоните на Nokia, кои ќе се појават во текот на годината, ќе имаат нов систем за именување. Се тврди дека HMD Global конечно ќе го отфрли системот со точка помеѓу броевите и верзиите на уредот, кој се користи од 2017 година. Nokia G10 може да биде првиот модел што ќе се појави со нова ознака.

Поврзани вести

Што можат да понудат идните AR очила на Samsung? (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Фејсбук објави голем раст на приходите и бројот на корисници во првиот квартал

msp-admin

Закерберг најави дека очекува во следните десет години околу 50 отсто од вработените во компанијата да работат од дома

msp-admin