СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Новите МекБук модели во масовно производство од втората половина на годината

„Никеи Азија“ предупредува на нови информации, кои се однесуваат на плановите на „Епл“. Откако од овој медиум дојде информацијата дека компанијата од Купертино планира да го намали производствениот капацитет на линијата ајФон 12 (а тоа првенствено се однесува на ајФон 12 мини), сега се сугерира дека Епл ќе го одложи производството на своите нови лаптопи.

Минатиот месец, аналитичарот Минг-Чи Куо предвиде дека новите МекБук ќе бидат објавени во втората половина на годината, а тоа сега го потврдува и „Никеи“. Претходно, се очекуваше масовното производство на лаптопи да започне во мај или јуни.

Во извештајот не се споменува конкретно дека се работи за модели на МекБук Про, но се верува дека овие уреди се вклучени. Куо претходно спомена дека новите модели на МекБук Про ќе имаат значителни промени во дизајнот и спецификацијата.

Двата модели што се очекуваат се новиот 14-инчен МекБук Про и освежениот 16-инчен модел. Новите лаптопи би можеле да ги отфрлат процесорите на Интел во корист на чиповите Епл M1.

Поврзани вести

iPhone 13 Pro може да има помал пресек на дисплејот, го враќа TouchID

Влатко Зорба

Xiaomi Mi 11 Lite ќе има рамен екран

Влатко Зорба

Signal во новото ажурирање носи поефикасно управување со податоците

Влатко Зорба