СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Како ќе изгледа новиот дизајн на Facebook? (ФОТО)

Facebook со месеци работи на нов дизајн за социјалната мрежа. За последен пат видовме „скриншоти“ минатото лето. Фотографиите ги сподели продукт менаџерот на компанијата, Ентони Де Роза. Тестовите продолжуваат со полна сила и новиот дизајн на Facebook сега е достапен на ограничен број корисници, пренесува „mspoweruser“. Сега разбираме и повеќе детали за промените што ги подготвуват.

Излезе дека Facebook испраќала случајни покани на некои сметки, повикувајќи ги да се обидат и да споделат мислење за новиот дизајн. На овој начин, можеме да разбереме повеќе за тоа како изгледа променетата визија на социјалната мрежа. Сликите го потврдуваат и присуството на Dark Mode. Иконите се модифицирани и нивните придружни описи се поголеми, вклучително и логото на Facebook.

Системот за нотификација, исто така, работи различно. Веднаш ќе забележите дека на горниот дел од вашата страница за личен профил има повеќе простор. Направени се измени за полесно наоѓање и додавање пријатели. Во оваа фаза, сè уште не знаеме кога ажурираниот дизајн ќе им биде достапен на сите корисници, но сегашните податоци се доказ дека тестовите се во нивна завршна фаза.

Поврзани вести

Xiaomi Mi 10 Pro забележа рекорден резултат на бенчмарк-тестовите на AnTuTu

msp-admin

Pixel 4 XL „падна“ на тестовите на „JerryRigEverything“ (ВИДЕО)

msp-admin

Huawei го промовираше паметниот звучник Sound C

msp-admin