СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Кина ја засилува контролата над алгоритмите

Кина продолжува да ја затегнува својата контрола врз содржината на Интернет, а овој пат алгоритмите се во центарот на вниманието.

Администрацијата на сајбер-просторот во Кина ги објави претстојните правила кои регулираат како интернет компаниите управуваат со содржината, вклучително и да вршат притисок за алгоритми за содржини кои промовираат „позитивни“ идеи (читајте владини политики), додека го исклучуваат „лошиот“ материјал, пишува Engadget.

Мерката експлицитно забранува содржина што „ја загрозува националната безбедност, помага за истекувањето на државните тајни, ја поткопува државната власт и го поткопува националното единство“. Со други зборови, Интернет-компаниите не можат да го оспорат политичкото статус кво.

Новата регулатива ќе стапи во сила од 1 март и повикува на построго управување со сметки, најавувања на страници, модерирање и „гласини“.

Во последно време, владите направија напори кон прилагодување на алгоритмите, иако кинескиот пристап е многу различен од оној на другите земји.

Неодамнешниот предлог-закон во Сенатот на САД имаше за цел да ја елиминира пристрасноста во алгоритмите, но Кина јасно сака да ја протурка, бидејќи го гледа автоматизираниот код како мотор на исполнување на целите на партијата.

Земјата е очигледно загрижена, затоа што препораките на пребарувачите може да им покажат на корисниците „опасна“ содржина.

Поврзани вести

Dell ги проширува своите можности за работа со iPhone преку компјутер (ВИДЕО)

msp-admin

Google ја укинува употребата на „колачиња“ и воведува FLoC: Еве што значи тоа

Влатко Зорба

WhatsApp предупредува: Не ги преземајте овие апликации!

msp-admin