Motorola се чини дека ја измисли верзијата на Flux Capacitator за 2019 година. Овој измислен уред од „Враќање во иднината“ („Back to the Future“) го овозможи патувањето низ времето. Сега одделот за телефони на Lenovo Group мора да надмине некои од проблемите со кои се соочува и научникот од култниот филм.
Motorola брза да направи доволно телефони Razr, инспирирани со минатот, за да се задоволи побарувачката, пишува Тим Калпан во коментар за „Блумберг“.
Компанијата ја претстави новата верзија на класичниот модел од 2005 година во ноември, заменувајќи ја тастатурата со екран на преклопување и го нуди уредот со оперативен систем Android. Екранот на преклоп се соочува директно против Galaxy Fold на Samsung Electronics, кој имаше проблеми со екранот за тест-единиците и со Mate X. на Huawei Technologies.
„Motorola одлучи да го коригира времето за старт на претпродажбите и пуштањето на пазарот на Razr, за подобро да се задоволи побарувачката на потрошувачите“, велат од Lenovo, кој го купи смартфон брендот во 2014 година. „Ние работиме на утврдување на точната количина и распоред за да сме сигурни сме, дека повеќе потрошувачи ќе имаат пристап до Razr при своето деби на пазарот“.
Според првичниот план, предпродажбата требаше да започне во декември, со испорака во јануари. Ова ќе го отежне покривањето на побарувачката за Божиќ, но поголемо одложување значи целосен пропуст на овој момент. Новиот датум за пуштање на уредот на пазарот не е објавен.
Тешко е да се процени колку навистина ќе биде побарувачката. Проценет на 1.500 долари, паметниот телефон е 36% поскап од најскапиот модел на Apple, iPhone 11 Pro Max (1.099 $), но сепак е значително поевтин од понудите на Samsung и Huawei.
Настрана цената, има нешто друго што го прави дизајнот на Motorola попривлечен и без конкуренти во моментов – се склопува на начин, за да нè врати во златното доба на телефони кои ги „собира“ во џеб и чија батерија трае три дена.
Вреди да се разгледаат и проблемите на Samsung. И покрај тоа што е најголемиот и најнапредниот развивач на екран на смартфони, Samsung сепак создаде дисплеј што не може да ги надмине техничките предизвици на превиткување и издржливост во исто време. Јужнокорејскиот гигант се откажа од порано лансирање на уредот откако стана јасно дека екраните на некои модели имаат сериозни проблеми.
Современите технологии честопати не успеваат да влезат во вообичаените распореди. Полесно е да се направи уред, кој ги поминува тестовите за контрола на квалитетот во фабрика. Кога станува збор за обемот, работите се различни и ги одделува оние што работат и оние што зборуваат повеќе. Многу од технолошките стартапи не успеваат затоа што нивната добра идеја не може да доведе до нормално масовно производство или да се случи навреме.
Apple исто така се соочи со слични проблеми со iPhone X пред две години. Новиот 3D сензор што се користи за препознавање на лицето беше клучна карактеристика во уредот. Но, главната компонента се покажа како тешка за производство, што доведе до одложувања и проблеми со испорака во раните месеци по премиерата.
Побарувачката да ја надминува понудата звучи како убав проблем. Со исклучок на фактот дека приходите се губат и се ограничува можноста за покривање на трошоците за развој. Поголем ризик е потрошувачите кои сакаат да купат нов телефон да станат нетрпеливи и да решат да купат на друго место. Во светот на уредите со Android, темпото на конкуренција значи дека нешто добро веќе ве чека околу аголот.
Па така додека Lenovo можеби ќе сака да се „вади“ на славата на нејзиниот носталгичен дизајн, кој е многу баран, можеби е подобро да се дејствува брзо пред да дојде нешто ново и попривлечно.