Кина претстави прототип на супер брз воз, за кој нејзините креатори велат дека може да достигне брзина од 620 километри на час.
Овој воз е двојно побрз од возот „Еуростар“, а со таа брзина би можело да се стигне од Лондон до Париз за 47 минути, доколку се оди со максимална брзина, објави „Дејли мејл“
Кинеското „сообраќајно чудо“ е прво од ваков вид во светот и е направено во домашна верзија, а изработката на прототипот долг 21 метар чинеше скоро 7,5 милиони евра.