СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Креирана заштитна маска преку која може да слушате музика

Како што стојат работите во наредниот период, пандемијата со коронавирус изгледа нема брзо да нè напушти, па заштитните маски ќе бидат дел од нашите животи уште долго.

Поради тоа, компанијата Maskfone реши ова парче облека да го направи покорисно за носење и затоа креира заштитна маска со вградени bluetooth слушалки.

Бидејќи маската е предвидена за повеќекратна употреба, овозможено е лесно симнување на слушалките за маската да може да се испере, пишува Engadget.

На самата маска постојат нацртани знаци за почеток на репродукцијата и регулирање на јачината на звукот, но тие сами по себе немаат никаква функција. Само го покажуваат местото каде што се поставува контролерот за слушалките, како и каде налегнуваат копчињата на него. Со маската, покрај слушалките се испорачуваат и пет N95/FFP2 филтри.

Маската заедно со слушалките и филтрите чини 50 долари.

Поврзани вести

HUAWEI го претстави новиот Mate X2

Влатко Зорба

Финансиски гиганти ќе го штитат Linux од патентни тролови

Влатко Зорба

Facebook ги блокира профилите на корисниците, кои известуваат за лажни сметки и спамери

msp-admin