СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Продажбата на Mac Pro започнува во декември

Заедно со премиерата на новиот 16-инчен лаптоп, MacBook Pro Apple објави дека продажбата на Mac Pro ќе започне во декември.

Моделот, кој се прави во Соединетите држави, беше пуштен во јуни, но немаше прецизна информација кога може да се купи.

Ценара за Mac Pro започнува од 5.999 долари за верзијата со 8-јадрен Intel Xeon 3.5GHz процесор, Radeon Pro 580X GPU, 32 GB RAM и 256 GB SSD, но до илјадници долари во зависност од конфигурацијата.

Продажбата на Pro Display XDR ќе започне во декември. Мониторот е со дијагонала 32-инчи и обезбедува резолуција од 6016 x 3384 со над 20 милиони пиксели.

Екранот поддржува проширен спектар на боја P3 со 10-битна боја за да репродуцира повеќе од 1 милијарда бои. Исто така, додаден е и систем за осветлување од 1000 лумени, кој може да достигне врвни вредности од 1600 лумени.

Цената на Pro Display XDR започнува од 4999 долари, држачот чини 999 долари, а адаптерот VESA е со цена од 199.

Поврзани вести

AnTuTu листа на 10-те најбрзи Android смартфони во март 2020 година

msp-admin

Се појавија рендери на OnePlus 8 Pro (ВИДЕО)

msp-admin

Huawei го претстави P Smart Pro со тројна AI камера од 48 MP

msp-admin