СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Linux проект се позиционира како Windows 12 Lite

Аматерски проект на база на Linux предизвика интерес кај ентузијастите во Интернет. Главно заради неговото име – Windows 12 Lite – и неговата сличност во дизајнот на десктопот со оперативниот систем на Microsoft.

Според информациите од страницата, новиот оперативен систем ветува надградби без проблеми, тој е имун на вируси и малициозен софтвер и може да работи заедно со Windows 7 и Windows 10, или да ги замени целосно.

Уште повеќе, за Windows 12 Lite се вели дека е над 3x побрз од Windows 10, вклучува пакет на апликации и можност за додавање на повеќе од 80.000 наслови преку софтверскиот менаџер.

Системот е, исто така, идеален за стари лаптопи и десктоп компјутери, се фалат авторите на проектот. Покрај тоа, не е потребна лиценца или клуч за активирање – корисниците го поседуваат софтверот.

Сепак, ова е аматерски проект кој е на база Linux Lite 4.8 LTS со позадина на Windows 10 и рамни икони. Очигледно нејзините автори се добри психолози, бидејќи тие веќе успеале да привлечат голем интерес за името на системот, што сугерира дека е за две генерации пред Windows 10.

Windows 12 Lite не е достапен за преземање од веб-страницата на проектот, но може да се купи … за 15 фунти на DVD или USB стик, според дискусиите за Reddit и други веб-ресурси.

Страницата со проектот дава упатства за инсталирање и користење на системот.

Поврзани вести

Руски „Телеграм“ втора најбарана апликација во САД

Влатко Зорба

Google ја објави првата тест верзија на Android 12

Влатко Зорба

ВИДЕО| Microsoft повторно го „најавува“ Windows 11

Влатко Зорба