СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

MATE40 PRO е најеко смартфон на Huawei

Huawei, водечката глобална технолошка компанија, дополнително ја зацврсти својата посветеност кон поодржлива иднина, со лансирање на својот најеко паметен телефон досега. Признавајќи дека се потребни мали чекори за да се направи голема промена, неодамна лансираниот HUAWEI Mate40 Pro вклучува 28% намалување на пластиката, 90% помалку хартија и елиминирање на хартиена гаранција. Покрај тоа, новиот HUAWEI Mate40 Pro сега содржи само 3,8% пластика во вкупното пакување.

Huawei започна истражување за да открие што луѓето навистина мислат за одржливоста, каде откри дека секој четврти европски потрошувач сака целосно да се запре со пластичните пакувања до 2025 година.

Но, потрошувачите не се загрижени само за пластиката, 71% би сакале хартијата да биде тргната од пакувањето, за да се намали потрошувачката на хартија. И со 90% помалку хартија, новата водечка електронска гарантна картичка им овозможува на корисниците на HUAWEI Mate40 Pro лесно да пристапат до нивните документи со QR код што може да се скенира со уредот, или едноставно со преземање од веб-страницата на Huawei. Покрај тоа, QuickStart Guide исто така е намален од 340 страници на само 44, а додека законот во моментов спречува целосно отстранување на хартиениот водич, Huawei работи на решавање на овој процес за во иднина.

„Ние во Huawei разбираме дека треба да се преземат смели чекори за да се справиме со сѐ поважните еколошки проблеми со кои се соочуваме секој ден. Лансирањето на нашиот најеко паметен телефон досега, HUAWEI Mate40 Pro, овозможува значително намалување на пластичните и хартиените амбалажи како некои од малите чекори на нашето патување за да се обезбеди позелена и посветла иднина,” изјави Лонгруи Циу (Џефри), Генерален менаџер на Huawei Consumer Business Group за Бугарија и Северна Македонија.

Дополнителни наоди од истражувањето:

• 55% од потрошувачите рециклираат секој ден, истакнувајќи дека има уште многу да се направи, за да се постигне целосна кружна економија

• Скоро четвртина (23%) од испитаниците изјавија дека најголема пречка во рециклирањето е забуната што да се рециклира, а што не, со погрешни верувања дека секојдневните предмети како што е стреч фолијата (30%), кутиите за пица (59%) и пакувањата од чипс (37%) се рециклираат

• 20% признаваат дека ја фрлаат својата стара електроника, наместо да ги рециклираат или повторно да ги користат деловите

• 1% признаваат дека имаат дури повеќе од 10 стари телефони дома

• Дополнителни 1 од 5 испитаници не се свесни дека нивниот паметен телефон исто така може да се рециклира

• Конечно, кога станува збор за најголемите влијанија на одржливоста кај луѓето, катастрофалните настани како што се поплави и пожари, предизвикуваат масовна свест за потребата од заштита на планетата, со 43% кои сакаат да живеат поодржливо

Поврзани вести

Протекоа податоци на 1,2 милијарди Интернет корисници

msp-admin

Instagram додава Live Rooms и стриминг со најмногу тројца гости

Влатко Зорба

Наскоро можно плаќање и трансфер на пари преку WhatsApp

msp-admin