Microsoft планира да ја прекине поддршката за Internet Explorer (IE) во сите апликации и услуги на Microsoft 365 од 17 август 2021 година.
Меѓу тие услуги се Office 365, OneDrive, Outlook и други, но како што е најавено од оваа компанија, поддршката за IE 11 за веб-апликацијата Microsoft Teams исто така ќе биде укината уште на 30 ноември годинава, пренесува порталот „Verge“.
Edge, новото издание на веб-прелистувачот на Microsoft, базирано на софтверот Chromium, содржи поддршка што треба да им олесни на компаниите да се префрлат од Internet Explorer сè додека Microsoft не ја прекине поддршката за IE 11 во рамките на оперативниот систем Windows 10, пренесува порталот.
Постарите изданија на Edge треба да останат без поддршка од 9 март следната година, по што веќе нема да добијат безбедносни надградби.