СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Доларот на најниско ниво во последниве 2 години

Американскиот долар паѓа во однос на корпата на најголемите светски валути веќе петти ден по ред, откако е на најниското ниво во последниве две години, под притисок од ниски приноси на американските должнички хартии од вредност и мрачните економски податоци во САД.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската во однос на најголемите ривалски валути, ослабел, според најновите податоци, за 0,3 проценти, на 92,55 поени, а во еден момент падна на 92,46 поени, најниско ниво од јуни 2018 година, пренесе Ројтерс.

Најновиот раст на акциите на технолошките компании обезбеди позитивно опкружување на пазарите и ја загрози побарувачката за безбеден долар, додека резултатите од месечното истражување на Empire State, њујоршкиот ФЕД покажаа полош индекс за состојбатаи очекувањата на производителите, од очекуваното.

Ова влијае на трговците да одржат песимистички став кон американската валута.

Доларот падна дополнителни 0,2 проценти во однос на еврото, на 1,19 американски долари и падна за 0,5 проценти во однос на јапонскиот јен, на 105,40 јени, што е најниско ниво за десет дена.

Зелената валута, исто така, потона половина процент во однос на британската фунта, на 1,3180 американски долари, на најслабо ниво во последниве две недели.

И покрај губењето на вредноста во последните недели, доларот е сè уште 27 проценти над нивото во 2011 година, што укажува дека може да има уште поголем пад на американската валута, особено врз основа на пазарна тежина, велат аналитичарите.

Поврзани вести

Состојбата на Маск порасна за 1.7 милијарди долари

msp-admin

Европска експанзија на кулите на Vodafone, се зголемува побарувачката за 5G

Влатко Зорба

„НУС ПОЈАВА“ на пандемијата – 114 милиони ОТКАЗИ

Влатко Зорба