СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Microsoft ќе понуди почести надградби за Edge

Microsoft планира да се пресели во четиринеделен циклус стабилни надградби за Edge, подоцна во текот на годината. Компанијата ќе започне со нов распоред за ажурирање од верзијата Edge 94, што се очекува во април.

Претходно овој месец, Google, исто така, објави дека Chrome ќе се префрли на истиот циклус за објавување на ажурирања со Chrome 94.

Компанијата од Редмонд посочува дека четиринеделниот циклус на ажурирање можеби не е идеален за секого. Деловните корисници ќе ја имаат опцијата Extended Stable, преку која Microsoft ќе доставува стабилни ажурирања на Edge на секои осум недели.

Претстојните измени во фреквенцијата на ажурирање ќе ги стават Edge и Chrome на исто ниво со Firefox. Прелистувачот на Mozilla спроведе четиринеделен циклус стабилни ажурирања на почетокот на 2020 година.

Поврзани вести

Се појавија првите вируси за Arm-базираниот MacBook

Влатко Зорба

Samsung може да претстави три Exynos чипсети оваа година

Влатко Зорба

Huawei ќе го претстави Mate X2 на крајот на февруари

Влатко Зорба