СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Може ли да биде поедноставно? Најдете и следете нови луѓе на Инстаграм со само еден клик!

Дали сакате да споделите профил на Инстаграм со некого? Благодарение на новата опција во оваа популарна апликација, ова сега е можно.

Со QR кодовите, корисниците можат лесно и брзо да откријат нови профили. Но, нема да имаат корист само приватните корисници. Компаниите исто така можат да ги користат новите QR кодови за привлекување нови посетители и клиенти, но и да им дадат повеќе информации за нивната компанија.

Корисниците кои сакаат да создадат свој QR код и со тоа да го промовираат својот профил на Инстаграм, треба да ја отворат апликацијата Instagram на својот паметен телефон, да ја одберат нивната страница на профилот (кликнете на вашата слика во долниот десен агол), а потоа изберете го менито (кликнете на иконата во горниот агол со три црти) и пронајдете ја опцијата QR Code во менито. Инстаграм автоматски ќе создаде QR-код за тој профил, ќе го напише името на профилот на дното на кодот (така што корисниците знаат чиј код е), а корисниците можат да менуваат бои или дури и да ја „украсат“ позадината со свое селфи.

Ако не можете да ја пронајдете опцијата QR-код во вашата апликација, проверете дали ја користите најновата верзија на Instagram или почекајте еден ден или два до последното ажурирање.

Кога корисниците создаваат свој QR код, сè што треба да сторат е да го споделат на социјалните медиуми или да го складираат и да го испечатат на флаери, визит-картички или промотивни постери, така што другите корисници можат лесно да го најдат.

Поврзани вести

Нова мода во компјутерските измами: гласовен „фишинг“

Влатко Зорба

WhatsApp изгуби милиони корисници

Влатко Зорба

Redmi K30 – 5G конекција, quad камера и дисплеј 120Hz

msp-admin