СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Проблемот со скенерот за отпечатоци на Samsung Galaxy S10 ја опфаќа и серијата Note10 (ВИДЕО)

Минатата недела стана јасно дека сензорот за отпечатоци на Galaxy S10 има проблем со употребата на ефтини заштитници, а Samsung подготвува ажурирање на софтверот за да го поправи ова. Подоцна беше откриено дека овој случај влијае и на другите модели во серијата Galaxy S10, како и на уредите со Galaxy Note10. Samsung во изјава велат дека ултразвучните сензори ги отклучуваат уредите откако препознавале тродимензионални обрасци на некои силиконски заштитници и ги збунувале со отпечатоци.

На овој начин, сензорот ја скенира шарата на заштитнкиот, наместо уникатниот изглед на отпечатоците. Компанијата ги повика корисниците на Galaxy Note10 / 10 + и S10 / S10 + / S10 5G кои користат такви заштитници, да ги симнат, да ги избришат зачуваните отпечатоци и да ги пререгистрираат. Samsung исто така подготвува ажурирање за решавање на ситуацијата. Тоа се очекува оваа недела, а по неговата инсталација, корисниците ќе треба повторно да ги внесат своите отпечатоци.

Во меѓувреме, корисник на Galaxy Note10 покажува како тој го надминува системот за скенер на отпечатоци со ставање на силиконски заштитник на подрачјето на дисплејот. Во видеото, можеме да видиме како тој ги вметнува отпечатоците од два прста без заштитник, а потоа вметнува исечок од TPU и го отклучува системот од нерегистриран отпечаток.

Истиот процес се пробува повеќепати со различни прсти и секој пат скенерот е заобиколен. Ова укажува на тоа дека станува збор за различна ранливост, а не само за отклучување со отпечатоци од прсти, кои се регистрирани преку силиконски заштитник на екран. Тестот беше спроведен на верзијата на паметниот телефон со чипсет „Exynos“, а во оваа фаза сè уште не е рекреиран кај моделите со „Snapdragon“.

Поврзани вести

Заврши поддршката за Windows 7

msp-admin

Apple ќе ги следи под лупа спорните територии и граници

msp-admin

Сите на едно место: Фејсбук ги поврзува трите најпопуларни апликации

msp-admin