СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Redmi телефоните ќе имаат 108MP камери

Лу Веибинг, генерален директор на брендот Redmi, навести дека годинава ќе пристигнат голем број телефони со сензори за камера од 100MP. Информациите доаѓаат откако моделот Redmi Note 9 Pro 5G со главна камера од 108MP беше објавен во Кина во декември.

Ова сугерира дека претстојните телефони на Redmi, исто така, може да имплементираат сензори за камери од 108MP. Веибинг, исто така, истакнува дека телефоните Redmi немаат сензори ToF, на што некои производители претходно се фокусираа и дека наместо тоа, фановите на Redmi би можеле да очекуваат повеќе телефони со сензори од 100MP или повеќе.

Линијата Redmi K40, која се очекува да излезе во февруари, може да интегрира сензор од 108MP за главната камера. Линијата Redmi K30 имаше сензор од 64MP, што дава основа за надградба на камерата на моделите од следната линија.

Се очекува Redmi K40 да работи на чипсет од серијата Snapdragon 700, додека Redmi K40 Pro наводно ќе го користи чипсет Snapdragon 888.

Поврзани вести

Не бара бакшиш, а работи совршено

msp-admin

Следниот Lenovo Legion пристигнува на пролет

Влатко Зорба

Употребата на Skype се зголеми за 70 проценти, акциите во комуникацискиот сектор растат

msp-admin