Актуелната верзија на Samsung Galaxy Fold ги реши проблемите со издржливоста на првата и нè запозна со еден од најдобро опремените, најмоќните 5G телефони на пазарот и го надмина својот директен конкурент Huawei Mate X. Но, напредокот никогаш не спие, така што Samsung сега работи на Galaxy Fold 2.
LetsGoDigital откри патент на „флексибилен“ телефон со камера под дисплејот. Актуелната верзија на Galaxy Fold има цели пет камери – 2 предни и 3 задни, а повеќе хардвер значи поголема цена.
Патентот опишува „сензор за чувствителност на светлина“ во предниот дел на телефонот, кој вклучува леќа. Ќе се користи од предните и задните камери за да се овозможи „камерата да работи во преклопена и отворена состојба“.
Резултат од ова? Снимањето со преклопен телефон ќе биде исто толку добро, како и кога е отворен. Оваа иновација ќе го намали и бројот на камери во уредот, што во теорија треба да ги намали и трошоците.