„Ice Universe“, кој пушта доверливи информации на Твитер, објави помалку контроверзна информација дека следниот паметен часовник на Samsung може да ја замени платформата Tizen со Android.
Ова не е прв пат да слушнеме дека Samsung може да користи Android Wear OS наместо Tizen – Еван Блас (@evleaks) уште во 2018 година им предложи на вработените во Samsung да користат Wear OS.
Сепак, сите часовници што пристигнаа од Samsung оттогаш ја користеа платформата Tizen, а консензус е дека тие беа подобри од нивните Android-конкуренти. Ова значително ги доведува во прашање наводите на „дојавувачот“, бидејќи е малку веројатно дека Samsung сака да ја замени својата успешна платформа Tizen со Wear OS.
Можно е Samsung да ја прошири својата покриеност на пазарот, со најавување паметен часовник со софтвер Wear OS, заедно со постојната Galaxy Watch 3 линија на Tizen уреди.
Последниот паметен часовник на Samsung што користеше Android беше 2014 Gear Live.