20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Се бара забрана за продажба на GTA V во САД

Маркус Еванс, претставникот на Демократската партија во парламентот на американската сојузна држава Илиноис, смета дека треба да се забрани продажба на популарната видео игра Grand Theft Auto V (GTA) и слични насилни игри.

Еванс посочува дека бројот на кражби на автомобили во и околу градот Чикаго е во пораст. Тој е убеден дека постои вистинска врска помеѓу тие податоци и фактот дека младите играат игри како што е мега популарната GTA V.

Начинот на кој се крадат автомобилите на локации каде ова најчесто се случува, е познат од играта, тврди Еванс, додавајќи дека обично изгледа дека крадецот ја искористил моменталната небрежност на сопственикот, додека овој, на пример, плаќа за гориво и влегува во неговата автомобил, дава гас и бега.

„Grand Theft Auto“ и другите насилни видео игри влегуваат во главите на младите луѓе и мислат дека крадењето автомобили е нормално“, рече Еванс на прес-конференција, нагласувајќи дека популарната игра треба да биде забранета.

Поврзани вести

5 технолошки трендови за кои треба да бидеме подготвени во 2021 година

msp-admin

Google со сериозен напредок при квантните компјутери (ВИДЕО)

msp-admin

Нов тест покажува колку е издржлива шарката на Galaxy Fold (ВИДЕО)

msp-admin