СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Се подготвува нова конзола: Qualcomm влегува на гејминг пазарот

Компанијата чии процесори работат со најголем број Android телефони, Qualcomm, планира да ја претстави својата прва гејминг конзола следната година.

Иако се уште нема официјална потврда, извори запознати со плановите на компанијата велат дека тоа ќе биде комбинација од голем телефон и Nintendo Switch, а цената ќе биде околу 300 долари.

Дијагоналата на екранот треба да биде околу 6,65 инчи, а ќе ја има најновата верзија на чипсет Snapdragon, која ќе биде актуелна во моментот кога ќе излезе конзолата. Сепак, не е познато дали хардверот ќе биде ист како кај повеќето телефони или ќе биде прилагоден, пренесува Zimo.

Ќе има контролери од страните, и како Switch, тој веројатно ќе може да се поврзе со телевизори.

Оперативниот систем на оваа конзола ќе биде Android 12, а исто така се очекува и поддршка за Epic Games Store. Порталот Android Authority тврди дека конзолата ќе има капацитет на батеријата од 6.000 mAh, брзо полнење и поддршка за 5G.

Како што рековме, ни преостанува уште малку повеќе од една година до презентацијата на новата конзола, така што ќе дознаеме повеќе детали во наредниот период.

Поврзани вести

Samsung се подготвува да пушти нови телевизори со најнова технологија

Влатко Зорба

Промовиран Xiaomi Mi 11 за европскиот пазар (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Гејмерите губат 912 часа сон годишно, открива истражување

Влатко Зорба