Гласините доаѓаат од сите страни овие денови, особено благодарение на различните одложувања на настаните поради сè уште активната пандемија од коронавирусот.
Не знаеме како би изгледала сегашната состојба доколку сè не беше парализирано, но исклучително е интересно да се следи секој нов детаа поврзан со следната генерацијата на конзоли и поврзаните со нив игри.
Microsoft веќе наголемо го најавува промовирањето на игрите и конзолата Xbox Series X во мај, додека гласините ги откриваат и потенцијалните планови на Sony. Благодарение на VentureBeat, кои имаат извори блиски до Јапонците, беше откриено дека официјалното претставување на конзолата PlayStation 5 може да се случи на 4 јуни.
Првично беше наведено дека премиерата ќе се случи во мај, но можно е тие гласини да не биле точни или датумот едноставно е променет. Новинарот, попознат како „Грубинатор“, откриваше некои информации во минатото, кои подоцна се покажаа како точни, но сепак ќе почекаме луѓето кои стојат зад империјата PlayStation, конечно да кажат.
Откривањето на конзолата PlayStation 5 најверојатно ќе се случи откако некои од ексклузивните карактеристики за оваа конзола ќе бидат објавени во официјалното PlayStation списание, што ќе се појави на почетокот на јуни или крајот на мај. Во основа, дизајнот на конзолата на PlayStation 5 се очекува конечно да биде покажан, бидејќи спецификациите се веќе, горе-долу, познати.
Фотографијата што ја гледате, се разбира, е непотврдена, но одговара на некои од претходните гласини за промена на изгледот на конзолата и секако е во согласност со изгледот на контролорот, чиј дизајн значително се смени по две и пол децении.