Стандард
ТЕХНОЛОГИЈА

Стриминг услугата GeForce Now веќе е достапна за Android

Услугата за стриминг на игри Nvidia GeForce Now сега е достапна за уредите со Android. Така компанијата за графички картички го задржа ветувањето што го даде пред нешто повеќе од еден месец на Gamescom 2019.

Првично, GeForce Now имаше за цел да обезбеди богато опкружување за игри на една милијарда компјутери кои немаа доволно моќ за локално стартување на игри. Новата иницијатива значително ја проширува својата целна публика со доаѓањето на поддршка за паметни телефони со Android.

Како и со случаите со PC, Mac и Shield TV, новата мобилна апликација за Android е во бета фаза. Компанијата продолжува да ја подобрува и оптимизира околината, а услугата ќе се користи за месечна претплата.

Апликацијата е веќе достапна во Јужна Кореја и сè уште не е достапна на глобалната продавница на Google Play, но APK (со размер под 30 MB) е поставен на APKMirror, а според тестовите на Wccftech со Samsung Galaxy S10e, услугата покажува добра ефикасност во Европа.

GeForce Now поддржува паметни телефони кои работат со Android 5.0 или понова верзија со најмалку 2 GB RAM меморија. За оптимални перформанси, се препорачува брзина на Интернет конекција од најмалку 15 Mbps, како и Bluetooth контролер како што се Shiled, Razer Raiju Mobile, Steelseries Stratus Duo и Glap Gamepad, без кои некои игри нема да работат на паметен телефон.

Поврзани вести

Закерберг се заканува дека ќе ги повлече Фејсбук и Инстаграм од Европа

msp-admin

Xiaomi Mi 10 Pro забележа рекорден резултат на бенчмарк-тестовите на AnTuTu

msp-admin

Apple официјално го објави iOS 14! (ВИДЕО)

msp-admin
error: Превземањето на содржина без дозвола од авторот е дело казниво со закон!!!