СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Светски ден на науката: Најдобри научни сознанија во 2020 година

Она што од научен аспект ја означи 2020 година сигурно е трката во окривање на вакцина против вирусот SARS – CoV -2 од кој досега умреа над милион луѓе. Вакцината се очекува да помогне да се запре пандемија од Ковид-19 која од март го окупира целиот свет. Во оваа трка се вклучија многу земји, но и цели тимови настојувајќи истражувањата, што вообичаено трааат по неколку години, да ги завршат во многу покуси рокови и на светот да му испорачаат „спас“ и за човечките животи и за економиите кои болеста ги „фрли на колена“.

И додека се очекува појавата на многу спомнуваната вакцина „Оксфорд/АстраЗенека“ која е во трета фаза на испитувања и се најавува дека на крајот на декември или почетокот на јануари ќе се најде на пазарот, како силен зрак надеж одекна информацијата која ја објавија американскиот производител на лекови Фајзер и германската компанија БиоНтек дека имаат ветувачки рани резултати во третата фаза од тестирањето на нивната вакцина. При 94-те случаи на коронавирус меѓу учесниците во испитувањето, вакцината била со преку 90-отстотна ефективност по седум дена од примената на втората доза. Според најавите, со производство на вакцината ќе се почне по добивање на одобрение од ФДА, а се проценува дека тоа ќе биде до крајот на годинава. По објавата на оваа вест акциите на Фајзер скокнаа дури 15%.

Сепак, и покрај новонастанатите состојби со пандемијата, науката во 2020 година не „мируваше“ туку беше фокусирана на многу други насоки. Иако многу нови возбудливи откритија беа ставени во сенка на главниот проблем на човештвото во овој момент, сепак тие во иднина ќе добијат своја вистинска валоризација. Затоа и заслужува да се спомнат денес, на 10 ноември – Светскиот ден на науката кој беше воспоставен на Светската конференција за наука во Будимпешта во 1999 година, со цел да се сврти вниманието кон потребата од нова врска помеѓу науката и општеството.

Светскиот ден на науката укажува на важната улога на науката во општеството и потребата од вклучување на пошироката јавност во дебатите за значајни проблеми од областа на науката. Поврзувајќи ги науката и општеството, Светскиот ден на науката има за цел да обезбеди граѓаните да бидат свесни за развојот на науката. Исто така, ја нагласува улогата што ја играат научниците во ширењето и разбирањето за светот и исклучително кревката планета што ја нарекуваме Земја и овозможува создавање на подобри можности за опстанок на нашето општество.

Универзална вакцина против грип

Новата вакцина на некој начин ја стави во втор план работата на откривање универзална ваквина против грип, што ќе обезбеди долготрајна заштита од било кој вид грип. Научниците веќе утврдија дека некои делови од вирусот на грип постојано се менуваат, додека други остануваат претежно непроменети од година во година. Токму затоа сите приоди кон универзална вакцина против грип се насочени кон делови на вирусот кои се помалку варијабилни и веќе има ветувачки кандидати. Израелската компанија „БиондВакс“, моментално се наоѓа во испитувања во Фаза 3, што е напредна фаза на истражување кое испитува дали вакцината навистина е ефикасна – што значи дека штити од инфекција од било кој вид грип. Во студијата веќе се опфатени повеќе од 12.000 лица, а резултатите се очекува да бидат познати на крајот на 2020 година. Оваа година и Националниот институт за алергија и инфективни болести (НИАИД) го започна првото испитување на човекот на универзална вакцина против грип.

Google DeepMind

Почетокот на 2020 година означи големо достигнување и за онкологијата. Истражувачите ги искористија технологиите кои потекнуват од алгоритмот Google DeepMind. Користејќи ги своите технолошки можности, медицинските експерти измислија начин да имплементираат вештачка интелигенција. Особено, овој технолошки напредок овозможи тесна соработка во откривање на рак на дојка во 2020 година. Иако е потребно многу повеќе да се постигне за да се решат сите проблеми што се однесуваат на онкологијата, технологиите на Google го прават ова истражување подостапно во 2020 година. Во таа смисла, дури и скептиците веруваат дека најавената употреба на алгоритам DeepMind во 2020 година е ветувачка пресвртница.

Невролинк на Елон Маск

На 28 август иконскиот пронаоѓач Елон Маск имаше прекрасно претставување на еден од неговите амбициозни проекти наречен Невролинк. Тоа е компанија за невротехнологија која има за цел да развие прогресивни имплантативни интерфејси мозок-машина. Широк спектар на апликации на овие уреди е далекусежен, што ја прави презентацијата една од најпознатите футуристички настани во 2020 година.
Примарната намера на овие уреди е да го поврзат човечкиот мозок со интуитивниот интерфејс на машината. Ова во суштина ќе овозможи напредок во медицинската дијагностика и следење на здравјето, како и активности за следење состојби инаку сокриени за редовните машински уреди. Невролинк е систем што веќе ја потресе Земјата во 2020 година, додека идните надградби несомнено ќе помогнат на поголемата цел. И покрај тоа што се забележуваат одредени етички размислувања за употребата на уредите на Невролинк, презентацијат пред пошироката јавност беше дефинитивно настан што вреди да се спомене.

Постигнувања на НАСА

НАСА, како институција, произведе десетици пронајдоци во 2020 година, што овозможи да напредува целокупниот мониторинг. Од сите објавени извештаи и достигнувања, примената на математичкото моделирање беше меѓу најинтересните карактеристики. Како што открија работниците на НАСА, целата егзопланета со океани може да биде вообичаена ширум галаксијата Млечен Пат.

Ова откритие, поткрепено со цврсти докази добиени од математичкото моделирање измислено во 2020 година, беше меѓу најимпресивните достигнувања во последните неколку години. Дури беше наведено дека персоналот на НАСА не можел да замисли присуство на егзопланети половина година пред да започнат со примена на споменатите алатки. Ова достигнување може да биде од мала важност за нашиот живот во 2020 година. Сепак, идниот напредок може да открие уште повеќе сознанија во врска со присуството на други објекти во нашата галаксија.

IQOS- производ со модифициран ризик

Токму на Светскиот ден на науката, ден кој ги поврзува науката и општеството и укажува на важноста на науката во секојдневниот живот, неизбежно е да се спомене и одлуката која, иако донесена во време кога светот е преокупиран со Ковид-19, е многу важна не само за над милијарда возрасни пушачи, туку и за јавното здравје во целина. На 7ми јули Агенцијата за храна и лекови (ФДА) на САД донесе одлука да го стави IQOS, системот за загревање на тутунот, во категоријата на производи со модифициран ризик. Оваа одлука беше донесена по повеќе од 3 години проучување на милиони страници научна документација која компанијата Филип Морис, производителот на овој уред, ја достави до ФДА во 2016 година. Одлуката е особено значајна бидејќи ФДА е бескомпромисен орган во областа на заштита и промоција на јавното здравје на најголемата светска сила, со кредибилитет во добар дел од светот.

Во стогодишната историја на оваа институција, IQOS е вториот производ што ФДА го класифицира во категорија производи со модифициран ризик. Пред IQOS, ова му успеа само за шведскиот СНУС. Оваа одлука може да биде значаен чекор напред за сите возрасни пушачи кои не сакаат да се откажат од цигарите. Примерот на Шведска, односно на СНУС, можеби најдобро може да го потврди тоа, бидејќи оваа скандинавска земја денес е земја со најмал број заболени од рак на белите дробови и со најмал процент на пушачи во Европа, и во неа бројот на традиционални корисници на цигари е намален на само 5%.

Поврзани вести

Apple подготвува нов производ

msp-admin

Microsoft планира нов дизајн на апликациите во Windows 10

Влатко Зорба

10 вредни вештини во сајбер безбедноста кои се важни во 2021 година

Влатко Зорба