СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Технологијата на Sony ветува уште подобри слики со смартфон

Sony најави развој на нова структура на пиксели за сензори за мобилни телефони, што треба да доведе до уште подобри слики. Технологијата се нарекува 2×2 On-Chip Lens Solution (OCL) и развива постоечки концепт, при кој врз пикселите се става мал објектив. Исто така, може да се примени на четири соседни пиксели со иста боја во „quad bayer“ структурата.

Со конвенционалните технологии, разликата во чувствителноста на индивидуалните пиксели во распоредот 2х2 беше голем проблем. За да се справи со ова, Sony успеа да развие сензор за слики со висок квалитет и оптимизација на неговата структура и создавање на нова технологија за обработка на сигнали.

Ова овозможува читање на фазата да се извршува на сите пиксели, за разлика од конвенционалните методи, кои користат ограничен број пиксели без фотографска функција за оваа намена. Поради фактот што фотографските пиксели можат да се користат за откривање на фаза во методот 2х2 OCL, разликата во фазата може да се утврди на сите пиксели на сензорот, со што ќе се постигне фокус со голема точност дури и на мали предмети.

На овој начин може да се постигне стабилен фокус дури и при услови на слаба осветленост. Покрај тоа, технологијата на Sony го зајакнува хоризонталниот фокус, што досега беше предизвик за конвенционалните решенија. Конечно, користењето на филтер со „quad bayer“ структура кој става 4 пиксели во една боја еден до друг, резултира со зголемена чувствителност, висока резолуција и можност за преземање на HDR слики во реално време.

Засега нема информации за тоа кога ќе ги видиме телефоните со новите сензори на Sony, но нема да бидеме изненадени ако тоа се случи следната година.

Поврзани вести

Почна RoboMac 2020

msp-admin

Апликации што ќе ви ја олеснат работата

msp-admin

Зошто голем број корисници на „Android“ се повеќе го сакаат новиот модел на „iPhone“?

msp-admin