Корисниците сега ќе треба да го потврдат својот идентитет користејќи биометриски информации за да поврзат сметка на WhatsApp со компјутер или веб.
Компанијата, која е во сопственост на Facebook, го додаде ова ниво на заштита на своите апликации за да ги ограничи шансите некој друг да се поврзе со сметката без знаење или одобрување на корисникот. Сè додека телефонот што се користи има можност за отклучување преку сензорот за отпечатоци, WhatsApp ќе побара од корисникот да помине низ процесот на верификација кога ќе ја поврзе својата сметка со десктоп или веб-верзијата на апликацијата.
Откако услугата ќе го потврди идентитетот, ќе треба да се скенира QR-кодот со телефонот. Новата биометриска верификација е стандардно активна и единствениот начин да не се изврши кога сметката е поврзана е целосно да ја исклучите опцијата за отклучување преку линијата на лицето или сензорот за отпечатоци.
WhatsApp истакнува дека нема да има пристап до биометриските податоци на корисникот, а процесот на верификација ќе се изврши преку оперативниот систем на телефонот.