СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

WordPress веќе се користи од над 40% од веб-страниците на Интернет

Повеќето платформи за управување со содржини на Интернет започнаа да постојат како платформи за блогирање. Услугите како WordPress станаа претпочитано решение за милиони луѓе и бизниси. Разновидноста на функционалностите што ги нуди т.н. Content Management Systems (CMS) им помогнаа да играат важна улога во развојот на Интернет.

WordPress е најпопуларната CMS платформа со богата колекција на теми со кои може да се прилагоди изгледот на вашата страница. Платените верзии ќе ви овозможат да изградите веб-страница која изгледа професионално за прифатлива цена и ќе ви овозможи ефикасно да го развивате бизнисот.

Екосистемот WordPress вклучува повеќе од 58.000 додатоци и над 8.000 комбинации на бои за трансформација на веб-страницата што ја градите. Популарноста на платформата продолжува со полна сила, особено во контекст на пандемијата Ковид-19.

Најновите податоци од W3Techs откриваат дека во моментов 40% од сите веб-страници на Интернет се базираат на WordPress, информира „TechRadar“.

Огромната база на податоци следи 737 платформи за управување со содржини во реално време, вклучувајќи ги и најпопуларните 10 милиони страници на Интернет. Достигнувањето на границата од 40% се случи пет години откако WordPress започна да храни 25% од страниците на Интернет.

Специфичните информации откриваат дека платформата контролира 64,3% од глобалниот пазар на CMS системи. Пред една деценија, немаше повеќе од 10 милиони страници засновани на WordPress, а сега бројката е четири пати поголема.

Друга интересна статистика поврзана со перформансите на услугата е дека 92,2% од страниците го користат доменот .blog. Ова не е изненадувачки, бидејќи WordPress започна како платформа за блогирање.

Поврзани вести

Apple официјално го објави iOS 14! (ВИДЕО)

msp-admin

Се појавија целосните карактеристики на Samsung Galaxy Note10 Lite

msp-admin

Најмалиот фотографски сензор е дело на OmniVision

msp-admin