СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

За прв пат: Пилот управува дрон од 2000 км. растојание

Благодарение на новото партнерство со Skypersonic, Fat Shark успеа да контролира дрон на небото од далечина од скоро 2.000 км со минимално заостанување. Уникатното достигнување е благодарение на специјално развиениот хардвер и софтвер од двете компании.

Беспилотното летало полета на небото над сончевата држава Флорида и успеа да лета до студениот Мичиген поминувајќи растојание од скоро 2.000 км, па во еден момент пилотот на дронот беше на Флорида додека машината беше на небото над канадската граница.

Според „Fat Shark“, можноста за летање со беспилотно летало од илјадници километри далеку, значително ќе ја зголеми комерцијалната дистрибуција на беспилотни летала, ќе го зголеми бројот на услуги што се нудат преку нив и ќе ги намали логистичките трошоци на компаниите што ги нудат.

Клучно за далечинското управување на машината е видео платформата на Skypersonic, која им овозможува на пилотите безбедно да се движат, па дури и да ги контролираат летовите на долги релации, кои никогаш порано не биле можни. Покрај тоа, сигналот на дронот се испраќа до серверите во Европа и потоа се враќа на пилотот.

Ваквото достигнување е добредојдено во ситуации премногу опасни за физичкото присуство на пилотот. Ако областа е нестабилна или опасна за луѓето, далечинското управување е најдоброто можно решение. Друга можна опција е да се создаде единствен контролен центар за беспилотни летала и пилоти низ целиот континент.

Поврзани вести

Фејсбук има нова опција: „Кај си, комшија!“

Вака може да изгледа Samsung Galaxy Note 21 FE

Влатко Зорба

Facebook ќе го претстави новиот дел „News“ на 25 октомври

msp-admin