10.8 C
Скопје
16 септември, 2024
СТАНДАРД life
Здравје

Ако варите кафе веднаш штом ќе станете, правите голема грешка

Ако почнете со кафе штом ќе станете, правите голема грешка. Д-р Дебора Ли вели дека дозата на кофеин штом ги отвориме очите му штети на нашето здравје и не ни дава енергетски поттик што го посакуваме.

„Кога ќе се разбудите, нивото на кортизол, хормонот на стресот кој ја зголемува будноста и фокусот, е на својот врв и прави повеќе штета отколку добро“, објасни таа.

Д-р. Ли вели дека хормонот на стрес обично го достигнува својот врв во рок од 30 до 45 минути откако ќе се разбудиме, а потоа почнува полека да опаѓа, што е совршено време за пиење кафе.

„Би рекла дека е идеално да се чека 45 минути по будењето. Идеално е кафе да се пие насредина на утро или подоцна, кога кортизолот е многу помал“, истакна таа.

Лекарот забележува дека идеалното време за пиење кафе зависи од нашиот ритам.

„Ако се разбудите околу 7 часот наутро, ќе добиете најмногу придобивки од пиењето кафе помеѓу 10 и 12 часот. Внимавајте да не пиете кафе предоцна во текот на денот бидејќи тоа може да влијае на вашиот сон“, истакна таа. Таа рече дека треба да ја испиеме последната шолја кафе најмалку шест часа пред спиење.

Поврзани вести

Што се случува со вашето тело кога јадете банани секој ден?

Radmila Tasevska

Колку навистина е неопходно да внесувате ВОДА во текот на денот, за да го одржите телото ХИДРИРАНО?

Urednik

Два симптоми кои би можеле да значат дека сме изложени на ризик од кардиоваскуларни заболувања

Radmila Tasevska