Храната која редовно ја консумираме секако влијае на здравјето на целиот наш организам, а меѓу другото и на здравјето на нашето срце. Како што објаснуваат кардиолозите за Well+Good, постојат одредени намирници за кои постојат докази дека се најдобриот избор за здравјето на нашето срце. Еве за која храна станува збор.
Зелен лиснат зеленчук
Благодарение на бројните хранливи вредности што ги содржи, кардиолозите тврдат дека зелениот лиснат зеленчук е една од најдобрите намирници за зачувување на здравјето на срцето. Зеленчукот како спанаќот, блитвата и зелената салата се совршен избор за сите оние кои сакаат да јадат нешто лесно, хранливо и здраво, со главното јадење или како ужина.
Како што објаснуваат, зелениот лиснат зеленчук е одличен извор на витамин А, витамин Ц и витамин К заедно со фолна киселина и омега-3 масни киселини. Секоја од овие хранливи материи нуди низа придобивки за безброј аспекти на нашето здравје, особено кардиоваскуларното здравје. На пример, витаминот К е неопходен за правилно згрутчување на крвта, што го намалува ризикот од срцев удар.
Авокадо
Авокадото е исто толку познато по содржината на здрави маснотии, како и по тоа што е сеприсутно како главен оброк. Исто така, кардиолозите додаваат дека авокадото содржи многу микронутриенти кои се многу добри за нашиот кардиоваскуларен систем, вклучувајќи витамини Ц, Е, К, Б6, рибофлавин, ниацин, фолати, магнезиум и калиум.
Според мета-анализата од 2022 година, чии резултати беа објавени во Журналот на Американското здружение за срце, две или повеќе порции авокадо неделно се поврзани со 16 отсто помал ризик од кардиоваскуларни болести и 21 отсто помал ризик од коронарна болест на срцето
Јаболка
Излегува дека едно јаболко дневно помага за одржување на здравјето, вклучувајќи го и здравјето на нашето срце. Како што објаснуваат кардиолозите, јаболката може да помогне во намалувањето на крвниот притисок, што е одлично за здравјето на срцето, делумно поради нивната висока содржина на влакна. Освен тоа, јаболката се полни и со витамин Ц, витамин К и минерали бакар и калиум.
Бобинки
Сите добро знаеме колку редовното консумирање бобинки е добро за нашето здравје, а кардиолозите тврдат дека тоа особено добро влијае на здравјето на нашето срце. Ова овошје е богато, не само со витамин Ц, туку и со голема количина на други антиоксиданси кои помагаат во борбата против ракот и го минимизираат воспалението во нашите садови кои доведуваат до проблеми со срцето, како и со целиот кардиоваскуларен систем.