СТАНДАРД life
Здравје

Најбогатиот зеленчук со протеини

Зеленчукот е хидрирачка храна по потекло и состав. Но, тоа не значи дека не содржи и други хранливи материи, на пример протеини.

Навикнати сме да мислиме дека протеините се набавуваат претежно од месото и животинските производи. Тоа не е така. Вегетаријанците и Веганите може да имаат корист од растителните протеини, за да внесат позната рамнотежа во телото, поради недостатокот на месо или млечни производи.

Кој е најбогатиот на протеини зеленчук?

Пченка

Иако пченката е житна култура од ваков вид, во јадрото и се наоѓаат многу протеини. Една чаша варена пченка на ден му носи на организмот цели 2 грама целосни протеини.

Можете да ја јадете со малку лимон и свеж магдонос. Ова е идеална вечера.

Грашок

Грашокот е исклучително богат со протеини. Тој носи уште поголема количина од најважните протеини дури и од пченката, бидејќи половина чаша варен грашок на ден испорачува неверојатни 3 и пол грама чист протеин!

Ова го прави грашокот идеална вечера во форма на крем-супа.

Бриселско зелје

Малку луѓе ја сакаат бриселската зелка. Таа има специфичен вкус, повеќе личи на брокула, отколку на зелка.

Бриселското зелје носи во себе неверојатни 2 грама протеини за една чаша. Тоа е супер корисно не само поради тоа, туку и затоа што во оваа корисна чаша има 247 милиграми калиум и 110 микрограми витамин К – вистинска корисна бомба!

Брокула

Како што рековме кај брокулите, нема како да ја одминеме нивната хранлива вредност со протеини. Само со половина чаша брокулата му обезбедува на телото 2,6 г протеини. Ако имате потреба да го зголемите приемот на протеини, не грижете се да јадете поголемо количество брокула, бидејќи таа е сиромашна со калории.

Печени компири

Компирите се составени главно од јаглехидрати и скроб, но содржат и доста растителни протеини. Компирите се идеални за диета, бидејќи исто така се сиромашни на калории, но се хранливи и го заситуваат гладот.

Во една чаша печени компири се содржат околу 3 г протеини. За да додадете повеќе протеини во менито, едноставно посипете го компирот со сирење или спанаќ.

Спанаќ

Навикнати сме спанаќот да е сочен и исклучително богат со железо. Но, тој е одличен извор на протеини. Само половина чаша спанаќ содржи 3 г протеини. Можете да правите дури и поголеми количини во форма на смути.

Поврзани вести

5 работи што треба да ги направите пред да уживате во утринското кафе

Urednik

Луѓето масовно го мијат лицето со сода: Еве што велат експертите за новиот тренд

Urednik

Седум нешта што треба да ги јадете за здраво срце

Radmila Tasevska