СТАНДАРД life
Здравје

Напиток за детоксикација со две состојки: Може да помогне во намалувањето на салото на стомакот и да го забрза метаболизмот?

Познато е дека многу нутриционисти советуваат што повеќе да се внесува краставицата во исхраната – поради количината на вода што ја содржи, а се препорачува и за ананасот кој има слични својства. А кога овие две намирници ќе се спојат, се добива пијалок за детоксикација кој ќе му помогне на телото да се исчисти од отровите.

Овој пијалок за детоксикација е без додаден шеќер и вештачки состојки и е совршен за пиење наутро на празен стомак или после тренинг, пишува „Good food baddie“. Тоа е удобен пијалок кој можете да го земете со себе и да го пиете во секоја ситуација.

Студијата од 2018 година покажа дека консумирањето сок од ананас може да помогне во забрзување на метаболизмот, што може да резултира со губење на тежината. Од друга страна, со 95 проценти содржина на вода, краставиците можат да ја ублажат дехидрацијата и да ве одржуваат подолго хидрирани.

Како да направите пијалок за детоксикација?

Исечете го ананасот на помали парчиња, без разлика дали сте го купиле целото овошје или веќе конзервирано, а истото направете го и со краставицата. Ставете во блендер и матете додека се да се соедини.

Добиениот пијалок може да се чува така или да се цеди. По желба можете да додадете куркума или друг зачин.

Послужете со коцки мраз и листови нане за уште подобро уживање.

Поврзани вести

Колку пати дневно може да јадете авокадо?

Radmila Tasevska

Шест болести кои може да ги фатите преку бакнеж

Radmila Tasevska

Колку повеќе нанесувате балсам за усни, толку се посуви? Дерматолог објасни зошто

Radmila Tasevska