СТАНДАРД life
Здравје

Ова се најдобрите намирници за зајакнување на коските

ЗДРАВА балансирана исхрана ќе ни помогне да изградиме здрави коски уште од рана возраст и да ги одржуваме здрави во текот на животот. Како велат од NHS, диететичарите советуваат дека за здрави и силни коски најважен е внесот на калциум, но и витамин Д, кој му помага на нашето тело да го апсорбира истиот калциум.

Покрај тоа, студиите покажуваат дека лошото здравје на коските може да предизвика состојби како рахитис и остеопороза, како и да го зголеми ризикот од кршење на коската од пад.

Правилната исхрана е само еден од темелите за одржување на здрави коски, заедно со редовно вежбање и избегнување на одредени фактори на ризик. Храната за која експертите тврдат дека е најдобра за зајакнување на коските се:

* млеко и млечни производи
* зелен лиснат зеленчук
* тофу
* јајца
* масна риба како што се сардини или лосос
* ореви
* чиа семе.

Поврзани вести

ЛИПОСУКЦИСКА ДИЕТА, ЗА 10 ДЕНА – 10 КГ ПОМАЛКУ: Еве што е ТРИКОТ и како изгледа менито

Urednik

Два вида храна што треба да ги јадете секоја недела ако имате дијабетес

Urednik

Утринска навика што го зголемува ризикот од деменција

Urednik