СТАНДАРД life
Здравје

ЛИПОСУКЦИСКА ДИЕТА, ЗА 10 ДЕНА – 10 КГ ПОМАЛКУ: Еве што е ТРИКОТ и како изгледа менито

Благодарение на липосукциската диета многу ѕвезди успеале да ослабат и да останат витки, а некои од нив за 10 дена изгубиле и по 10 килограми.

Оваа диета е создадена од Кенан Мадра кој тврди дека прво мора да се консултирате со вашиот лекар пред да започнете со оваа диета.

Во зависност од степенот на дебелина, ќе ви бидат препишани правила за исхрана кои можат да траат 10 или 30 дена.

Што е липосукциска диета?

Овој метод на исхрана се нарекува и неинвазивна липосукција или липосукција без нож.

Кога сте на диета со липосукција, не живеете од салати и овесни снегулки, туку јадете вистинска храна – месо, риба, јајца, сирење, млечни производи, свежо овошје и зеленчук.

Мастите не се избегнуваат бидејќи играат важна улога во нашето тело, туку се избираат вистинските.

Трикот е никогаш да не јадете шеќер.

Груб пример на мени за диета за липосукција:

Секој ден го започнувате со лимонада.

*Појадокот е лесен. Може да биде омлет со сирење или смути
*Ручек може да биде бело месо и салата од свеж зеленчук. Салатата треба да се прави само од оние зеленчуци кои растат над земја, бидејќи оние под земја имаат многу скроб.
*Вечерата не се прескокнува и се поттикнува, што е спротивно на сите очекувања и се што мислиме дека знаеме за диетите. Кенан Маднара смета дека најдобро време за вечера е помеѓу 18-22 часот и тогаш може да се консумираат околу 200 гр месо или риба – свинско месо не е дозволено.

Тоа е во ред и не треба да се плашите дека ќе се здебелите, бидејќи оваа храна нема шеќер, туку само протеини кои се одговорни за градење на нашите мускули.А тие растат особено кога спиеме.

Во липосукциската диета мора да се придржувате до следниве правила:

*Секое утро пиете лимонада без шеќер
*Пијте чаша чај секоја вечер за варење
*Задолжително пијте 2 литри вода дневно
*Помеѓу оброците можете да пиете кафе, лимонада, чај без шеќер
*Кога сте навистина гладни, единствената храна што можете да ја користите за да го измамите гладот ​​се краставиците.

Дополнително, се препорачува да ги добиете следните додатоци во исхраната:

*Пробиотик кој ќе одржува здрава микрофлора во цревата
*Мултивитамински таблети, до 2 дневно
*Омега 3 масни киселини

Нутриционистот Кенан Мадра тврди дека по првиот третман ќе имате 10 килограми помалку, а резултатите се 100% загарантирани доколку ги следите правилата на липосукциската диета.

3 најефикасни диети за слабеење: Со нив лесно ќе го изгубите вишокот килограми!

Поврзани вести

Овие видови на зеленчук нутриционистите ги сметаат за важни за имунитетот и здравјето

Radmila Tasevska

ФАФО диета: Како да губите килограм неделно без да бидете гладни?

Urednik

Психолог сподели 6 токсични особини на многу нарцисоидни родители

Urednik