СТАНДАРД life
Шоубиз

Поради оваа изјава, фановите се убедени дека Адел се омажила во тајност

Наводно, 35-годишната сопственичка на неколку „Греми“ Адел тајно „го кажала судбоносното да“ и му ветила „вечна љубов“ на 41-годишниот спортски агент Рич Пол. Приказните за тајната венчавка започнаа откако познатата пејачка на својот концерт го нарече својот вереник „свој сопруг“.

Парот, кој е во врска од 2021 година, неодамна го купи својот прв заеднички имот, а Адел веќе зад себе има брак со Сајмон Конецки, со кого беше во брак од 2018 до 2021 година и со кој го има синот Анџело.

За време на викендот, на концерт во Лас Вегас, таа започна гласини за венчавка откако еден обожавател ја запросил, а таа одговорила дека нејзиниот сопруг, односно Пол Рич слуша се во публиката.

На видеата кои кружат на социјалните мрежи, музичарката му вели на еден обожавател: „Не можам да се омажам за тебе. Сакам мажи, драга моја, и мојот сопруг е тука вечерва.’

Откако обожавателката била упорна во намерата да се „омажи“ за Адел, таа јасно и рекла: „Не, не сакам да пробам ништо! Јас сум со Рич. Ти си луда, остави ме на мира!’

Сепак, Адел и Рич Пол не ја потврдија својата венчавка, исто како што не потврдија дека се официјално верени, за што се шпекулираше во февруари 2022 година кога пејачката беше фотографирана на црвениот тепих на Брит наградите со веренички прстен.

Поврзани вести

Кит Ричардс против рапот и поп музиката: „Секогаш беше ѓубре, тоа е суштината на се…“

Urednik

Шаја Лебеф станува ѓакон

Urednik

🎥Урнебесна реакција на Рајан Гослинг по освојувањето на наградата на Critics Choice

Urednik