СТАНДАРД life
Здравје

Полна чаша здравје – рецепт за сок од цвекло

Сокот од цвекло е многу здрав, па топло ви го препорачуваме …

СОСТОЈКИ:

1 кг цвекло

1 кг моркови

1 кг лимони

5 л вода

5 кесички лимонтос

4 кг шеќер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Во вода ставете една кесичка сода бикарбона и измешајте. Ставете 1 кг лимони да отстојат десетина минути, а потоа измијте ги и исече ги врвовите, па исечкајте ги. Потоа сомелете ги и оставете ги во голем пластичен сад.
  2. Исчистете 1 кг моркови и изрендајте ги, па додајте ги во пластичниот сад. Истото направете го и со цвеклото. Измешајте и додајте 5 л вода, 5 кесички лимонтус, измешајте, прекријте со крпа и оставете да отстои 24 часа.
  3. После 24 часа процедете го сокот и додајте шеќер и измешајте додека шеќерот не се растопи. Сирупот ставете го во шишиња и чувајте го во фрижидер.

Поврзани вести

Еве како секојдневното јадење банани влијае на вашето тело

Radmila Tasevska

Дали сокот од портокал е навистина здрав?

Urednik

Поповски: Успехот во спортот се постигнува преку правилно практикување на трите основни столба: тренинг, исхрана, одмор

Urednik