СТАНДАРД life
Здравје

Студија: Времето кога јадете оброк може да влијае на ризикот од срцеви заболувања

Времето кога јадете оброк може да влијае на ризикот од кардиоваскуларни болести и мозочен удар, покажува големата европска студија објавена во списанието Nature Communications.

Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смрт во светот, а многу од нив се поврзани со исхраната. Западњаците често вечераат доцна и го прескокнуваат појадокот, што значително го зголемува ризикот, пишува WebMD.

Покрај светлината, дневниот циклус на внесување храна наизменично со периоди на пост ги синхронизира периферните телесни часовници или деноноќниот ритам на различни телесни органи, со што влијае на кардиометаболните функции како што е регулирањето на крвниот притисок.

Според студијата, учесниците кои јаделе подоцна имале поголема веројатност да консумираат алкохол и пријавиле дека легнуваат подоцна, а почесто имале поголема варијабилност во времето на оброците во текот на неделата.

Одложувањето на првиот оброк во денот е поврзано со 6% зголемен ризик од кардиоваскуларни болести за секој час доцнење. Што се однесува до последниот оброк во денот, вечерањето после 21 часот е поврзано со 28% зголемен ризик од цереброваскуларни заболувања како што е мозочен удар во споредба со вечера пред 20 часот, особено кај жените.

Конечно, подолгиот пост преку ноќ, времето помеѓу последниот оброк во денот и првиот оброк наредниот ден, е поврзан со намален ризик од цереброваскуларни болести, што ја поддржува идејата дека првиот и последниот оброк треба да се јадат порано во ден.

Поврзани вести

Сакате црвено месо? Еве што се случува со вашето тело ако го јадете често?

Urednik

Дерматолог сподели што да јадеме ако сакаме да се ослободиме од акните

Urednik

Неколку чекори за да се спасиме од кршливите нокти

Radmila Tasevska