Високиот холестерол е еден од најопасните тивки индикатори за здравствени проблеми. Може да го зголеми ризикот од висок крвен притисок, срцев и мозочен удар, а многу луѓе не знаат дека го имаат сè додека не е предоцна. Ако долго време размислувате да се тестирате, постои начин да направите брза проценка и дома.
Секако, вистинска дијагноза може да се постави само во лекарска ординација, но овој едноставен тест може да ви помогне да ги забележите раните предупредувачки знаци. Според зборовите на д-р Моника Васерман, тестот на потколеницата може да открие дали имате висок холестерол или рани знаци на коронарни болести на срцето.
Како се прави тестот?
– Со еден прст ежно притиснете ја својата потколеница.
– Набљудувајте дали на местото на притисокот останува видлива вдлабнатина.
Ако остане дупка или трага што бавно исчезнува, тоа може да биде знак за превисок холестерол. Докторката објаснува: „Ова покажува дека вишокот холестерол ја забавил циркулацијата и протокот на крвта.“
Овие симптоми на нозете, исто така, предупредуваат за висок холестерол:
– Бледи нокти на нозете
– Вкочанетост во нозете и стапалата
– Слаба циркулација
– Замор во нозете по кратка прошетка
Најсигурен метод – тест на крвта
Иако тестот на потколеницата може да покаже дека нешто не е во ред, единствениот сигурен начин да го проверите нивото на холестерол е со лабораториска анализа на крвта.
„Ако се сомневате на висок холестерол, посетете лекар што е можно побрзо“, порачува докторката.
