Писателката Ведрана Рудан веќе некое време се бори со ракот и редовно пишува за своите денови во болница на својот блог. Сега објави текст што го насловила „за умирањето“ и во него сумирала колку сите се грижат околу неа, а таа нема сила.
Во најновиот блог на Ведрана Рудан, кој го објавува на страницата rudan.info, писателката зборува за тоа како се радува на своето семејство и фризерката која ѝ помага да остане средена, а од друга страна, со неа надобро и се изнаприкажува.
Во ја пренесуваме во целост нејзината исповед:
„Умирањето е здодевно да полудиш. Додека си во креветот, ти се чини дека си здрав. А потоа седнуваш на работ од креветот и одлучуваш, сега ќе станам, ќе се спуштам во приземјато и ќе одам во градината. Во животот.
Ха. Ха. Некако се исправаш и се упатуваш кон бањата. Душата ти е веќе во носот. Треба да ги измиеш забите, да се измиеш, да го намачкаш лицето со крем, да го погледнеш своето ново лице во огледалото.
Кој е тоа? Госпаѓата е слаба, има нова фризура, кратка. Косата ѝ е чиста затоа што сопругот двапати неделно ја вози кај фризерката.
Не знам колку вие во животот имате пријателки, деца, роднини. Кога ќе погледнам назад, зад мене е година и пол „долга и тешка болест“, така тоа го пишуваат во некролозите, најблиските луѓе ми се мојот сопруг, синот, ќерката, фризерката Јасмина и мојата пријателка од детството. Да, и три девојки од Трсат, и три девојки од Загреб, и едно девојка од Опатија. Тоа би било сè. Многу? Малку?
Медицинските сестри за кои никој никогаш нема да ја напише вистината се натчовечки суштества. Насмевка, нежно будење се во три часот наутро за менување на инфузијата, насмевка, местење на перници, покривачот, насмевка. За болеста не се зборува. Ниту за немоќта. Ниту за смртта. Се чувствуваш виновна.
Толку многу млади девојки скокаат околу тебе, дали тие знаат дека не ти е ништо, ништо страшно, ништо тешко?
Ним им тешко како што тебе никогаш не ти било. Не зборуваат за тоа. „Тоа е нашиот живот, вистински живот, останатото е пауза.“ Докторка. Светлина. Добрина. Кога ќе помислам на неа, секогаш останувам без текст.
Се враќам на Јасмина. Сакам да напишам колку ми значи. Со неа сум барем двапати неделно среќна, затоа што можеме да разговараме за што било. Со неа сум здрава се додека не станам од столот и не се обидам весело да направам три чекори до вратата. Три чекори се многу чекори и некако треба да се дојде до здив.
Благословен кревет и благословен мобилен и благословен мојот син кој ги претвора моите чкртаници во текст за вас. Каква радост е кога ќе го видам на екранот.
Еј, можеби вие што го читате ова всушност најмногу ми помагате да го преживувам умирањето.
