СТАНДАРД life
Здравје

Знаците кои покажуваат дека јадеме премногу шеќер

СИТЕ МНОГУ добро знаеме дека исхраната која вклучува премногу шеќер може негативно да влијае на нашето здравје. Затоа, диететичарите препорачуваат неговата потрошувачка да ја намалиме на минимум. Многу луѓе честопати не се ни свесни дека јадат шеќер бидејќи тој често се наоѓа во храна која воопшто не е слатка.

Но, како да препознаеме дали претеруваме со внесот на шеќер? Како што пренесува порталот Everyday Health, постојат неколку знаци кои јасно можат да укажат дека консумираме премногу слатка храна.

Овие знаци го вклучуваат следново:

* зголемен апетит
* ненадејно зголемување на телесната тежина
* проблеми со спиењето
* стомачни болки
* надуеност
* замор
* акни и мозолчиња
* болки во зглобовите
* запек или дијареа.

Како што објаснуваат диететичарите, ниту еден од овие симптоми не мора да значи дека претеруваме со внесот на шеќер, но ова се најчестите знаци кои укажуваат на тоа.

Истражувањата покажаа дека претерувањето со шеќер може да доведе до посериозни последици како зголемен шеќер во крвта, зголемен крвен притисок, но и поголем ризик од одредени видови на рак.

Поврзани вести

Нутриционистите тврдат дека ова овошје е најдобар избор за дијабетичари

Radmila Tasevska

Одлични намирници за појадок – го забрзуваат метаболизмот и спречуваат надуеност

Urednik

Невролог тврди дека е мит дека ни требаат осум часа сон: Ова е всушност минимумот

Radmila Tasevska