СТАНДАРД life
Некатегоризирано

Што треба да знаеме за методот балирање на отпадот?

Балирањето на отпадот е еколошки процес. Механичка обработка на отпадот, што вклучува селектирање, компресирање и пакување во пластични филм ленти, наречени бали. Спакуваниот отпад може да стои со години, и не постои опасност од какво било загадување на почвата, подземните води и воздухот.

Тоа го прави балирањето на отпадот еколошки прифатлив и просторно рационален метод, ако кога ќе се земат предвид и другите карактеристики, излегува дека овој метод е единственото ургентно и најприфатливо решение за македонските градови.

Единствената компанија во Македонија која е специјализирана за управување со отпадот на контролирани депонии, обработка и мониторинг усогласено со еколошките стандарди, е ПП Индустрис и според нивното искуство ова е решение за моменталната состојба со повеќе предности. „Многу европски градови го користат овој метод затоа што е еколошки, флексибилен, како и финансиски погоден и најмногу од се, веднаш применлив што е важно за општините во Македонија. Балирањето е најсоодветно решение за да се реши проблемот со отпадот во општините, ефикасно и ургентно. Имплементацијата на овој метод дава можност да се инсталира единица и за селекција на пластика, со што дополнително се овозможува рециклирање на пластиката”, велат од ПП Индустрис.

При процесот на балирање, собраниот комунален отпад се компресира и се затвора во пластична фолија која потоа се намотува во ролни. Со овој метод волуменот на отпадот се намалува до 3-4 пати, а со компресија се губи и непријатната миризба, се оневозможува исцедок на отпадна течност и нема ризик од палење и горење на отпадот. За инсталирање на единица за балирање потребни се само 15 дена, а капацитетот е 35 тони на час. На пример, со 1 единица за балирање, можете да се обработи отпадот од 300 000 жители. Исто така, одлика на единицата за балирање е што е флексибилна единица, односно може да работи по потреба.

Според пресметките на ПП Индустрис за инсталирање на постројка за балирање, месечните трошоци кои би ги имале граѓаните се помеѓу 20 до 30 денари од жител.

Со ваквите карактеристики овој метод е применет во многу европски градови кои на овој начин го решиле проблемот со отпадот. Во недостаток на време а секако и средства за изградба на регионалните депонии за обработка на отпадот, балирањето останува единствено прифатливо решение за општините во Македонија.

Поврзани вести

Рада Манојловиќ на прославата ја красеа со банкноти, па клекнаа пред неа: По ова пејачката остана во шок (ФОТО)

Radmila Tasevska

Колекција на уникатни италијански и француски вина по достапни цени на пазарот во земјава

Urednik

СЛЕДУВА ПРОМЕНА ВО ОБЛАСТА НА ПАРИТЕ: Овие три хороскопски знаци ДЕНЕС доживуваат ВАЖЕН пресврт!

Radmila Tasevska