СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Шилегов: Во тек е постапката за обезбедувањето на финасиската поддршка на ГЕС

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов очекува до крајот на ноември или во првата половина од декември, Градски енергетски системи (ГЕС) да ја добие лиценцата за дистрибуција на топлинска енегрија во сисемот за централно греење во Градот.

– Во тек е постапката околу обезбедувањето на финасиската поддршка за работењето на Градски енергетски системи (ГЕС), како еден од условите за добивење на лиценца. Во моментот кога ќе ги завршиме банкарските формалности ќе аплицираме во Регулаторната комисија за енергетика за добивање на лиценца за дистрибуција на топлинска енергија, рече Шилегов во одговор на прашање пред почетокот на свеченоста по повод одбележувањето на патрониот празник на Средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ и пуштањето во употреба на фотоволтаична електрана во училишниот објект.

Тој нагласи дека очекува до крајот на ноември или во првата половина на декември ГЕС да ја добие лиценцата.

Поврзани вести

За шест месеци на стопанството му се вратени 206 милиони евра ДДВ

Развојна банка со инструкции за плаќање за корисниците на бескаматен кредит од „Ковид1“

Влатко Зорба

Македонската и Загребската берза потпишаа Договор за соработка во областа на едукацијата

Влатко Зорба