СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Турската лира e стабилна и покрај американските санкции

Турската лира останува стабилна и покрај новите американски санкции воведени против  Турција поради нејзината офанзива во Сирија.

Минатата година, зголемените тарифи за турскиот челик и алуминиум имаа негативен ефект врз економијата на земјата.

Кога Турција ја почна офанзивата во североисточна Сирија, САД неколку пати се заканија дека ќе ја уништат нејзината економија со санкции. Тие официјално беа објавени во понеделникот, а Вашингтон бара итно запирање на воената операција.

Турската лира засега е стабилна. Девизниот курс остана на 5,89 турски лири за еден долар. Пред тоа, кога вредноста на доларот се зголеми, луѓето во редици чекаа да купат долари. Но сега нема никој, изјавил за локалните медиуми вработен во менувачница

Поврзани вести

Здружение на оштетени штедачи: Дали надлежите институции ќе ја откријат вистината за пропаѓањето на „Еуростандард“?

Влатко Зорба

Угостителските објекти ќе бидат опфатени со нови мерки

Влатко Зорба

„Ербас“ со загуби од 481 милиони евра во првото тримесечје