СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Netflix веќе нема да работи на овие уреди, погледнете дали сте засегнати

Една од најпопуларните платформи за стриминг во последниве години, Netflix, ќе престане да поддржува еден куп уреди од 1 декември годинава. Се работи за некои паметни ТВ модели на Samsung и медија плеери Roku. Официјалната изјава на Netflix е дека овие уреди нема да бидат поддржани заради „технички ограничувања“.

Од први декември, сите модели на паметни ТВ Samsung од 2010 и 2011 година со буквата „C“ или „D“ која се наоѓа по големината во инчи на екранот, повеќе нема да можат да го поддржуваат Netflix. Овој број може да се најде во задниот дел на ТВ (или во кутијата, ако ја чувате). Друга опција за да проверите дали сте погодени е да отворите „поддршка“ во менито на ТВ и потоа да контактирате со Samsung. Ова ќе ви ги донесе потребните информации на екранот.

Roku плеерите, на кои веќе нема да можете да гледате Netflix, вклучуваат модели: Roku XR, XD, SD, 2100X, 2050X и 2000C. Ако се најдете во оваа категорија, не паничите, не мора да го менувате вашиот телевизор или да се откажете од популарната услуга за стриминг.

Поевтина опција од нов ТВ би било да купите плеер Amazon Fire Stick. Го приклучувате во HDMI-портата и можете да продолжите со стриминг Netflix.

Поврзани вести

Помпео: Поради однесувањето на Кина, државите ќе размислат за Хуавеи

msp-admin

Заработува 256 пати повеќе од просечен вработен: Колку плата зема првиот човек на Apple?

Влатко Зорба

Централната банка на Германија предвидува нагло опаѓање на економијата

Влатко Зорба