СТАНДАРД life
АНАЛИЗИ

Зошто бизнисите не можат сами да се справат со климатските промени?

Климатските промени забрзуваат. За да избегнеме катастрофален пораст на температурата, сега мора да ги ограничиме јаглероднитеемисии и да започнеме со нулта емисија до 2050 година. Ова е предизвик, но не смееме да се обесхрабруваме. Во важни аспекти, нашиот одговор, исто така, се забрзува, велии Пол Полман за „ФТ“, поранешен извршен директор на „Унилевер“.

Уништувањето на климата достигнува нови, глобални височини, при што милиони граѓани излегуваат на улиците, за да побараат акција. Помалку дискутиран е фактот дека бизнисот се движи многу побрзо отколку што очекуваше секој. Ова е од големо значење. Корпоративниот активизам е пресвртот што ни треба.

Повеќето влади сè уште се движат премногу бавно и влијанието на протестите има своја граница. Приватниот сектор може да ја уништи планетата или да ја оживее. Иако сè уште има премногу „зелено миење“, ако погледнете одблизу, ќе ја видите промената.

Од септември, повеќе од 100 мултинационални компании – од Ikea до L’Oréal и Hewlett-Packard – најавија цели за да помогнат во ограничувањето на глобалното затоплување на 1,5 Целзиусови степени. Дури и поголемите загадувачи, како што е Maersk, најголемата светска компанија за испорака, индиската Mahindra Steel и Dalmia Cement, влегуваат во авионот, што претставува јасен предизвик.

Сепак, немаме време да чекаме индивидуални компании да преземат свои чекори за одржлив развој. Преобразувањето на раширените корпоративни однесувања што ја уништуваат планетата, бара целата индустрија да се движи заедно и брзо. Полман изразува гордост на постигнувањата на „Унилевер“ во текот на оваа деценија како извршен директор, но потенцира дека ниту една компанија не може да спроведе реформа со доволен обем и брзина. Ни требаат смели, коалиции во индустријата за промени, потенцира тој.

Модната индустрија сега се буди од фактот дека е втората најзагадувачка по нафтата. Тој потсетува дека ја ко-основал организацијата Imagine, која работи со францускиот претседател Емануел Макрон за да им помогне на околу 60 од најголемите компании да го декарбонизираат своето работење. Договорите овозможуваат одговорност и ја зголемуваат колективната храброст во даден сектор.

Идејата е едноставна: ниту еден бизнис лидер не сака луѓето или планетата да страда поради неговата компанија. Но, ако сами преземат акција, тие преземаат ризици, што инвеститорите нема да ги толерираат. Ние ги собираме лидерите да се договорат за реформите за оние делови од бизнисот кои не се важни за клиентот, но се исклучително важни за животната средина. Во „Унилевер“, ова го сторивме со фрижидерите. Никој не се грижи за ладната витрина, од која купува сладолед или пијалоци. Разбирајќи го ова, започнавме да работиме со Coca Cola, Pepsi, Nestle и други за да ги промениме нашите методи за ладење од штетните гасови кон природни алтернативи, вели Полман.

Потрошувачките индустрии се зрели за овој вид колективно дејствување. Овие компании се во првите редови на новата форма на отчетност, каде клиентите и вработените бараат поодговорни стандарди. Прехранбената индустрија, патувањето и туризмот секој ден се во центарот на вниманието, без оглед дали се од пластика или авион.

Корисно е што развојот на технологија ги намалува трошоците за префрлување на зелени алтернативи, не на последно мето – на обновлива енергија. Исто така, помага кога финансиските пазари се категорично ослободени од големи загадувачи. Дури и американската влада објави извештај според кој непреченото глобално затоплување може да ја намали американската економија за 10 проценти. Но, базираниот на ниски јаглеродни емисии раст, може да ја зајакне глобалната економија.

Од оваа слика недостасува поддршката на владите. Нашата порака до нив сега е време да се повлечат регулаторните и расходните лостови, што можат да го поттикнат бизнисот да дејствува уште побрзо, смета Полман. Јасните цели за емисиите се почеток, но исто така и добар план за нивно исполнување. Прекинувањето на субвенциите за фосилно гориво – сè уште околу 400 милијарди долари годишно – и воведувањето на ефективно образување на цени за јаглеродот се клучни.

Компаниите не можат сами да ги запрат климатските промени кои се излезени надвор од контрола, не и без голема реформа. Но, не го потценувајте растечкиот број корпоративни директори кои гледаат дека е време да ја одиграат својата улога.

Поврзани вести

Конфликтите и неправдите кои произлегуваат од Источно медитеранскиот гасовод

Влатко Зорба

Колку „Северен тек 2“ зависи од Навални?

msp-admin

Сценарија за европската економија по коронавирусот: Лошо или полошо?

Влатко Зорба