СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Сугарески: Во источниот дел на државата инвестирани 80 милиони евра во инфраструктура

Се подобрува патната поврзаност во Североисточниот регион со тековните активности за изградба на нови и обнова на постојните патни делници, истакнаа министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов и кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски при увидот на обновата на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.

Патот во должина од 42 километри е целосно завршен и се вложени 4,1 милиони евра Како што беше истакнато, патот претставува мост на поврзување на граѓаните од источниот дел на државата до Куманово со соседна Србија.

-Овој период од 2,5 години откако е оваа власт мислам дека се реализираат огромен број проекти во делот на патната, железничката и комуналната инфраструктура. Во делот на инфраструктурата по сите основи се инвестирани 80 милиони евра, во патната инфраструктура 30-ина милиони, дополнителни 15 милиони дел од ИПА средства ќе бидат одвоени за Куманово до Страцин, изјави министерот Сугарески.

Според него, најголем дел од проблемите на железничката линија Куманово – Бељаковце се решени. Наредната година ќе почне изградбата на втората делница од Бељаковце кон Крива Паланка. До крајот на годината Сугарески очекува почнување на проектот за заедничка железничка станица со Србија, со обезбеден грант. Потоа ќе се распише тендер за во најбрз временски период станицата да биде изградена, со што ќе се олесни протокот на услуги и стоки, посочува Сугарески.

Во однос на комуналната инфраструктура преку Министерството за транспорт и врски за Општина Куманово се одвојуваат значајни средства од Министерството и се реализираат бројни комунални проекти – реконструкција на водоводната мрежа, замена на стари водомери со нови, се гради канализација во село Тромеѓа, а наскоро се очекува да почне проект во населба Железничка станица и село Черкези. Се очекува сите проекти од владината Програма да се реализираат и од локалната власт навремено.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов истакна дека патот Куманово – Свети Николе со децении не бил саниран, а е од круцијална важност за граѓаните од источниот дел на држвата. Комплетно е саниран патот и ова е една од најдолгите дестинации што е рехабилитирана оваа година, потенцира Китанов.

Тој потсети дека во Куманово се завршени патишта Куманово – Опае, Куманово – Никуштак, Куманово – Пелинце, проекти што со години не биле реализирани.

– Многу битна работа е делот што се работи кон Крива Паланка. Ранковце – Крива Паланка веќе половината и повеќе е рехабилитиран и продолжува, рокот е до напролет. Едниот тендер, за делот Страцин – Ранковце е завршен и треба за три-четири дена да се знае изведувачот, да се започне од Страцин кон Ранковце, а преку ИПА оди тендерот кој треба да заврши, според моја информација, за месец и половина од Куманово до Страцин. Значи пролетта 2020 ќе заврши комплетно рехабилитацијата од Куманово до Крива Паланка, изјави Китанов.

Како што дополни, паралелно се работи и на експресниот пат што се наоѓа во непосредна близина.

-Исто така, за десеттина дена очекувам да почне и тој со кредит од ЕБРД од Крива Паланка до Деве Баир каде што ќе се прават три ленти, шест нови моста и реконструкција на два моста, комплетно проширување на тој план со цел веќе наредната година од Куманово до Деве Баир граѓаните да возат по побезбедни патишта, изјави Китанов.

Завршен е тендерот и во тек е рок на жалба за Искрин мост што, потенцираше, со децении не бил рехабилитиран. Се очекува за една недела веќе да има изведувач за да може да почне реконструкцијата на мостот што е сериозно оштетен. Во тек е и тендер за рехабилитација на мостот кај Драгоманце.

Тој апелираше до граѓаните совесно да се однесуваат и да не фрлаат смет на делницата на автопатот од Табановце – Куманово – Скопје каде што се сече и чисти вегетацијата, се собира сметот. На автопатот Миладиновци – Свети Николе веќе се засадени 300 илјади од вкупно 600 илјади сдници што беше ветување од премиерот, рече Китанов и истакна дека се сади бартем кој помага за спречување на слечиштата и за подобрување на животната средина.

Кумановскиот градоначалник се заблагодари на владините претставници и истакна дека се градат голем број регионални патишта со што се овозможува одлична конекција помеѓу општините од Североисточниот регион, којшто, според Димитриевски, е еден од најслаборазивените плански региони.

-И денеска ја искористиме можноста заедно со власта да поразговараме за сите отворени прашања во делот на тоа што се перспективите на регионот и на теми зошто општините имаат слаба финансиска состојба, изјави Димитриевски.

Поврзани вести

Котација на државни обврзници од 585.200.000 денари

Влатко Зорба

Индустриските производи со повисоки цени во ноември

Влатко Зорба

УЈП започна со доставување на Годишната даночна пријава за данок на личен доход

Влатко Зорба